Кумановци вчера во Занаетчискиот дом имаа можност да ја разгледаат изложбата „Портрети на американски претседатели“ од самостојниот уметник Борче Тодоровски. Изложбата се реализира по повод 500 години постоење на Куманово, а во чест на успешната соработка на градот со владините и невладините организации од САД во државата.
Портретите на 45-те американски претседатели, од Џорџ Вашингтон до Доналд Трамп, уметникот ги работел последниве две години.
Ова е прва изложба на американските претседатели пред јавноста. Се инспирирав од нивната демократија, ја проучував нивната историја, животите, борбите за демократија на овие врвни светски претседатели, изјави уметникот Тодоровски.
Тодоровски завршил применета уметност – отсек графика и долги години работел на изработка на дизајни за потребите на прилепската печатница, меѓу нив и на првите македонски банкноти при осамостојувањето на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.