Патувачкото кино на „Македокс“ од денеска го започнува 12-тото издание со прикажување документарни филмови во осум градови и населени места во североисточниот регион.

Оваа година патувачкото кино има променет формат и ќе се одржи во текот на четири викенди, распоредени во месеците јуни, јули и септември, во Североисточниот регион на државата. Прикажувањето на документарните филмови започнува денеска во Кратово и утре во село Шлегово.

Патувачкото кино досега има посетено 75 места низ државата, а во најголем дел од овие места никогаш претходно не се одржала кино проекција или имало пред околу 40 години.

Организаторите велат дека проекциите на „Македокс“ сред село се доживување и атракција за сите жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.