Денеска, 2 јуни, со почеток во 17 часот, во мултимедијалниот простор „Кафе и филм Котур“ ќе се одржи промоција на книгата „Глупости“ од Катерина Димитровска.
„Глупости“ е шашава психо-сликовница, интроспективно фрик шоу што лесно ја вшмукува реалноста, ја натопува со цревни сокови, киселина и бесмисла и ни ја враќа како повраќаниците на дебелиот господин во Монти Пајтон. Обилно и во лице. Љубовно писмо до празнината? Можеби. Но, фантазмагорична како сликите на Дали и делумно морничава како мрачните визии на Линч. Ментална анархија, игрива и забегана, нихилистички презрива, без обзири кон хигиена или смисла, еротизирана до болка и смрдеа кои перверзно те вовлекуваат во нејзиниот чудесен имагинариум. Страна по страна. Сепак, ова може да е и тивко, топло и спокојно патување низ интимните делови на едно себство ослободено од драмата на модерниот субјект опседнат со светската болка како нужна актуелност, вели Давид Ангелевски.
Книгата е четврто издание на независниот издавачки шатор АШ.
Настанот ќе се одвива на отворено, согласно пропишаните Ковид мерки за безбедност и заштита на јавното здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.