Канскиот филмски фестивал, еден од најпрестижниот и најпопуларнифилмски фестивали не само во Европа туку и во светски рамки, по минатогодишното скратено и онлајн издание, годинава го врати гламурот од пред пандемијата.

Овој значаен настан во светот на кинематографијата, кој започна завчеравечери ќе трае до 17 јули, повторно ги собра на едно место познатите имиња од светот на филмот и модата.

За Златна палма годинава за првпат ќе се трка и македонски филм, краткиот игран филм „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска. „Северен пол“ е избран меѓу 10-те кандидати за престижната награда од пријавените 3.739 филмови, а проекцијата е закажана на 16 јули.

На свеченото отворање на фестивалот беше прикажан филмот „Анет“, а многу диви и убавици прошетаа по црвениот тепих во луксузни и елегантни креации. Значи, и овојпат имаше многу малку ласцивни комбинации –а моделот Кендис Свонпул беше една од ретките што се осмели да облече прилично отворен и предизвикувачки комбинезон. На црвениот тепих и овојпат се носеа моделите на модните куќи „ЛујВитон“, „Армани“, „Живанши“, „Жан Пол Готие“, „Гучи“…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.