Вечерва, со почеток од 20 часот во Галеријата на МКЦ ќе се отвори првата групна изложба, насловена „Урбани пагани“, од избраните уметници на овогодинешниот конкурс.
Ќе бидат изложени 50 дела изработени во најразлични техники: слики, колажи, цртежи, графики, фотографии и склуптури. Учествуваат: Стефани Христов, Горазд Христов, Игор Љубовчевски – Љубац, Весна Ничевска, Гордана Винчиќ, Дарко Богданов и Смиле Цветановски, соопштија од МКЦ.
„Идеја за изложбата се роди кога независно еден од друг, неколку уметници се споивме и забележавме дека секој од нас, на својастрана твори на слична тематика. Секој од нас припаѓа на своја генерација, работиме во различни техники но сепак се појави желбада ги обединиме доживувањата, да ги заокружиме во заеднички проект и изложба.
Многумина го осудуваат паганизмот без да ја познаваат или почуствуваат неговата вредност. Она што е надвор од школското прехристијанско знаење се ставило под поимот паганство. Утврдувањето на вистината од историските записи е притоаотежнато. Самиот збор не асоцира на нешто недобро,ниско,нешто од кое треба да се тргаме. Паганите ги поистоветуваат со поган народ, обожовувател на тотеми од некое заостанато време. Но тоа е чиста измислица, тие пагани се народи понапредни и поспиритуални од нас.
За прв пат во 50-тите години, поединци трагаат по вистината, формирајки модерни религиозни, духовни и магични традиции кои се свесно инспирирани од пред-еврејското, предхристијанското и предсламиското верување во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток. Од тогаш во Европа се шири модерното паганството а посебно помеѓу младите до 35 години. Најраспространетото современо паганско движење е познато под името “Вика” што значи вештица, вешта жена или вешт маж. Историчари ја карактеризираат како религија која го потврдува животот. Припадниците, виканците се претставуваат како “позитивна сила против снагата на деструкција која пркоси на земјата и светот”. За нив не постои унифициран догматичен морал или етички код меѓутоа заедничкиот став е: “не повредувај никого, прави што сакаш”. Тоа подразбира слобода на дејствување, заедно со одговорност и внимание никој и ништо да не биде повредено. Виканците го обожуваат Богот и Божицата во иста мера. Ја слават Месечината, сонцето, комуницираат со елементите во природата и одаваат почит на сезонските промени во природата и нејзините благодети.
Модерното паганство генерално е за ревитализирање и заживување на прехристијанските пагански верувња и нивното прилагодување за употреба на луѓе во современите општества.
Со делата од изложбата сакаме да подсетиме, да поттикнеме желба за истражување и доживување на паганството како дел од душевнот и спиритуалниот развојна нашите предци. Визуелно и информативно да го доближиме до помладите кај нас. Во повеќето земји од Европа е многу поразвиено и подостапно. Запознавањето на паганството може на сите да помогне, подобро да го разбереме поимот еколошко издржливо општество и важноста на природата. Нашето паганско потекло може исто да ни помогне во личниот развој, да го одстраниме стресот, да се најдеме себеси и да ги увидиме вистинските вредности на животот. Иако поголемиот број на паганските светилишта и книги се уништувале, фрагменти останале меѓу народот како приказни, легенди, митови и обичаи. Тие се и сеприсутни во колективната човекова подсвест, велат уметниците Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски- Љубац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.