Драмски театар Скопје ја започна реализацијата нa новата продукција преку претставата „Плоштад на хероите“ од австрискиот автор Томас Бернхард, во режија на Мирјана Медојевиќ. „Плоштад на хероите“ е пиеса напишана и изведена во 1988 година во Виена, како трагична рефлексија на опсесивната политика на национализам, одрекување на минатото и растечкиот анти-семитизам.

Мирјана Медојевиќ дипломира режија на Факултетот за драмски уметности во Цетиње, а магистрира во класта на проф. Томи Јанежиќ, на Академијата за театар, радио и телевизија (АГРФТ) во Љубљана, Р. Словенија. По дипломирањето тесно соработува со режисерите Томи Јанежиќ и Јернеј Лоренциј, како асистент на режија и драматург.

Претставата „Злочин и казна“ по текст на Ф.М. Достоевски во нејзина режија, е прогласена за најдобра претстава во театарската сезона 2016/2017 на Меѓународниот театарски фестивал „Borštnikovo srečanje“, по избор на Друштвото на критичарите и театролозите на Словенија. Добитник е и на наградата за најдобар драмски текст за пиесата „Син“ на фестивалот „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево.

СНГ Драма Љубљана ја отвара престојната сезона со претстава работена по делата на Руди Шeлиго во режија на Мирјана Медојевиќ.

Медојевиќ живее и работи во Љубљана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.