Во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, на 7 март (четврток) со почеток во 12 часот, НУ Музеј на македонската борба организира изложба и хуманитарна работилница на тема Жената борец за слобода и македонска државност.

На традиционалниот настан во организација на едукаторите Ана Вишинова и Даниела Митевска, ќе се обрати и директорката на музејот Даниела Николова, а покрај изложените експонати за жените борци од македонската историја, ќе бидат презентирани и Праисториските дами од Македонија од Ирена Колиштрковска-Настева (Археолошки музеј на Македонија). Во рамки на свеченоста, ќе настапи Ансамблот Македонија, додека хуманитарната работилница ја реализираме во соработка со Здружението на инвалиди „Мобилност“ од Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.