Лила, Розе, Синка и Sвонко Бонбонко се главните ликови во претставата „Три“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица и за останатата широка публика.

Вечерва, со почеток во 18 часот ќе се одржи нејзината премиера во Центарот за култура-Битола.

Режисер е Јован Ристовски, а во неа играат актерите Никола Пројчевски, Маја Андоновска Илијевски, Анастазиа Христовска и Сандра Грибовска. Тие паралелно ќе зборуваат говорно и на знаковен јазик.

Претставата „ТРИ“ е инспирирана од легендата на Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а обременета со еколошките проблеми на денешницата.

Покрај премиерата, најавени се и три репризи на 6, 7 и 13 ноември во 12 часот. Билети може да се купат на касата на НУ Центар за култура Битола (15.00-21.00ч) по цена од 100 денари.

Театарскиот проект е дело на АТО-центар од Битола, а е поддржан од ГИЗ и Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.