Со дефиле на фолклорни групи и друштва од државата и светот на Широк Сокак и со орото „Комитско“ кое се одигра на отворена сцена во поранешното ракометно игралиште, вечерва во Битола почна 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

На петте фестивалски вечери ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури.

Според програмата, вечерва ќе настапат КУД „Илинден“-Битола, ансамбл „Македонија“-Скопје, културно уметничките друштва „Ристо Донев учителот“-Штип, „Русалии“ од Секирник, „Јане Сандански“ од Неготино, „Китка“-Истибање и „Ибе Паликуќа“ од Скопје, а од странство на фестивалската сцена ќе се претстават гостите од Белгија, Индија, Израел и Мексико.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.