Во присуство на познати имиња од светската кинематографија, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ свечено му беше доделена Меѓународната награда за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.
Оваа престижна награда ја доделува ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематографери.
На свеченоста која се одржа на 16 март, во Југословенската кинотека во Белград, Најџел Волтерс истакнат член на ИМАГО, им го врачи ова престижно признание на директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и на уметничкиот директор Благоја Куновски – Доре, кој од името на фестивалот се заблагодари за наградата која е исклучително значајна за ИФФК „Браќа Манаки“, особено во годината кога фестивалот го слави своето 40 – годишен јубилеј, а ова е и извонредно важно признание и за целата македонска филмска култура, особено заради тоа што фестивалот „Браќа Манаки“ е единствениот фестивал што ја доби оваа награда.
На свеченоста, истата вечер им беа доделни награди и на познатиот американски кинематографер Едвард Лакман (Edward Lachman) за животно дело, на холандскиот кинематографер Кommer Kleijn, како и на оскаровецот Дејвид Стамп (David Stump) за извонредни технички достигнувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.