Лидерот, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентирајќи ја програмата за култура, вети нови современи театри во Скопје, Прилеп и Битола како и делегирани буџети за културните установи, намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата, реконструкција на зградата Музеј на Македонија…
Културата е ништо ако ја имаме само во театри, оперски куќи, музеи и сл..ако ја нема во политиката, земјоделието, образованието, возењето и во секојдневното живеење. Таа е ризница на традицијата, јазикот и идентитетот на еден народ, вели актерот Тони Михајловски во кометарот на сетото мерки кои се ветуваат во областа на културата.
Мицкоски најави обнова која ќе опфати Инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии, делегиран буџет за културните установи, мотивација за награда за најуспешните..сет мерки како изработка на Корпус на македонскиот јазик, стимулирање на бизнис секторот да инвестира во кутурата…
Актерката и поранешен директор на театар Комедија, Јелена Жугиќ, во изјава за „Курир“ ги коментира најавите на Мицкоски и говори за нивната важност.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја оформи новата Влада, ќе продолжи каде што застана во капиталните инвестиции, идејата за делегиран буџет е одличен проект за стимулирање на успешно менаџирање на културните институции, намалениот данок од 18% на 5% и стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата се одлични мерки за што повеќе парични сретства да се влеат и да останат во културата. Инвестицијата во македонски брендови и креативни индустрии ќе потикне системски развој на истата, а дигитализацијата на културнито и уметничкото наследство е мерка со која ќе се овозможи трајно зачувување на уметноста што е од особена важност за секоја држава. Проектите се реални и издржани и се логичен след на грижата на ВМРО-ДПМНЕ за културата и културното наследство во Македонија. Морам да напоменам дека со 100% покачување на платите во минатиот мандат, со зголемениот буџет за проекти и меѓународна дејност, со отварањето на многу нови работни места како и со изградбата на нови театарски објекти… ВМРО-ДПМНЕ покажа каков треба да е односот на една развиена држава кон културата и нејзините чинители, истакна Жугиќ во изјава за „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.