Синоќа беше отворено 54-тото издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ на кое ќе има осум претстави во официјалната конкуренција. Награди за животно дело годинава добија режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку.
Наградите се секогаш пријатно изненадување доколку не ги сфатиме како нешто што треба да не промени. Наградата е убава работа, ама таа не значи точка, таа две точки и после следи уште нешто, уште некоја претстава. Театарот е живот и тој не завршува со наградите, истакна Милчин.
Оваа награда која што се доделува вечерва има една посебна тежина затоа што таа доаѓа од колегите. И мислам дека ми е подрага отколку некои награди што сум ги добил од т.н. стручни жири комисии, каде одлучуваат двајца-тројца луѓе“, додаде Мјаку.
Фестивалот го отвори „Макбет“ на МНТ, но невообичаено досега тој започна со концерт на Влатко Стефаноски.
Новитет оваа година е тоа што се воведува награда од публиката. После секоја претстава ќе има тркалезна маса на која може да присуствува која сака и да дава критики и оценки за претставата. На тркалезните маси ќе присуствуваат и актерите.
Фестивалот ќе трат до 15 јуни, а вечер настапува Биитолскиот театар. Освен претставите во официјалниот дел ќе има и голем број студентски претстави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.