Владата донесе одлука за материјална помош и поддршка на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“, кој по серијата меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории, објави вечерва на својот фејсбук профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, петчлената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест. За широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот, Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот „Медена земја“ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик, наведува Спасовски.
Владинатата прес-служба, соопшти дека Министерството за труд и социјална политика е задолжено да ги преземе сите потребни активности за материјална помош и домување за Атиџе и нејзиното семејство, а Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на екипата што го сними филмот, која треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.