„Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на вчерашната седница. Ваквата информација ја соопштија и техничкиoт премиер Оливер Спасовски и
министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејбук профил.

Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо срце. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот ‘Медена‘ на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди!“, напиша Ангеловска на Фејбук.

Документарниот филм „Медена Земја“ беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло.

Вчера „Република“ објави дека екипата на македонскиот докуметарн филм „Медена земја“ нема да добие државна награда како што ѝ вети Владата, бидејќи нема правна основа за тоа, а за парична наградата ќе се снаоѓаат од резервите на Буџетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.