Визуелни уметници од 100 земји од светот ја покажуваат својата анти-пандемиска поддршка со својата професионална лична заштита преку иницијативата „100 земји, 100 маски“.
Македонија ја претставува скулпторот Сашо Саздовски. Во стилот на добротворниот концерт „Еден свет“ во сто држави на пет континенти, уметниците стојат обединети, облечени во својата професионална лична заштита за да ја покажат својата поддршка во борбата против вирусот.
Развојот на нашата цивилизација несомнено ќе се промени, светот каков што го знаевме повеќе нема да биде ист. Вообичаено уметниците ја креираат својата уметност поттикнати од многу различни прашања, создавајќи револуција со делата. Но, уметниците секогаш наоѓаат инспирација и дејствуваат, дури и во состојба на криза. Уметникот како индивидуален креатор е секогаш во своевидна самостојност. Важно е да не го изгуби ритамот на работа и креативноста. Иако моментално паузирам во креирање на монументални дела, јас продолжувам со работа во моето студио, вели „Утрински брифинг“ скулпторот Сашо Саздовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.