Советникот на министерот за култура Асаф Адемир, Висар Вишка, застана во одбрана на министерот, откако целата јавност се крена на нозе по распределбата на финансиските средства за концерти.

Голем од од значајни фестивали не добија ниту еден денар поддршка, а организаторите бурно реагираа на ваквата одлука.

„И још једном:)

Комисиите се составени од професионалци предложени од коалициони партнери.

А тоа се: СДСМ, ДУИ и БЕСА.
Се разбира дека тие од СДСМ не ги познаваат Албанските уметници, а албанците имаат сепак колку толку познавање на мак уметници.

Претседателите на комисиите се претежно македонци.

Се гласа со мнозинство гласови, да не речам консензус.

Индивидуално сите другачије би одлучиле. Јас не сум среќен со многу аматери што се финансираат со години. Ама не одлучувам ниту јас ниту МИНИСТЕРОТ.

Затоа:

Го оправдувам незадоволството и слободата тоа да го искажете јавно.
Но ич не прифаќам националистичка злоба вперена во погрешна адреса.
Со таа злоба до Табановце, најдалеку Лесковац можете да одите.

Јас сеуште ништо не работам во МК, ниту конкурирав со свој проект за да нема конфликт на интерес.

Така да, лајте под туѓ прозор;)

Раус!“, напиша Вишка на својот профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.