Актерот Висар Вишка, кој беше назначен за в. д. директор на Гостиварскиот театар во 2019 година, е разрешен од функцијата и на својот Фејсбук профил објави видео во кое ја прикажува лошата состојба во којашто се наоѓа самиот театар.

Вишка во видеото ѝ се обраќа на министерката за култура и ѝ објаснува дека, освен тоа што неговата канцеларија е во хаос бидејќи немаат каде да ги чуваат костимите на актерите, театарот располага и со многу малку финансиски средства.

Тој вели дека во театарот немаат ни вода, ни тоалет, па актерите физиолошките потреби ги извршуваат во блиската џамија.

Вишка вели и дека театарот во Гостивар нема ни греење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.