„Виолина и филм“ е насловен онлајн-концертот што оваа среда, на 15 април, во 20 часот, ќе го одржи еминентната македонска инструменталистка Пламенка Трајковска. Ова е уште еден нејзин обид својата креативност да ја доближи до најшироката публика во услови на социјална дистанца.

За нас музичарите оваа ситуација е тешка, но не заради тоа што немаме време да им се посветиме на своите инструменти. Напротив. Го имаме целото време да вежбаме и да креираме музички проекти. Меѓутоа она што навистина ни недостасува е комуникацијата со публиката. Со сцената од која се одвива таа неопходна за уметноста комуникација со неа, вели Трајковска .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.