Викендов, на 17 и 18 јуни во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи првото издание на Стрип трип фестивал.

На програмата, ќе имаме дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, гости автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, супер музичка програма, работилница за цртање стрип за деца, филмска програма и најважно, берза на стрипови, најавува организаторот.

Организаторот ги повикува сите издавачи, колекционери, стрипомани и стрип љубители, да дојдат и заземат активно учество на првото премиерно издание на Стрип Трип.

Искрено се надеваме дека овој Фестивал ќе прерасне во богата и долгогодишна традиција, додаваат оттаму.

Фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје.

Комплетна програма на СТРИП ТРИП:

САБОТА, 17 јуни

12:00 – Плато МКЦ
Отворање на стрип берзата:
DJ Vladodlak

12:30 Бифе МКЦ/ Горно Фоаје (Галерија 2)

ХОЛ МКЦ СТРИП ИЗЛОЖБИ:
Изложба на гостите на фестивалот:

Стеван Субиќ, Марко Стојановиќ и Вековници,

Михајло „Тхе Мичо” Димитриевски,

Диме Иванов – Димано

Изложба на селектирани македонски стрип автори:

Игор Јовчевски, Здравко Гиров, Томи и Ласко Џуровски, Тања Вукобрат, Ѓорѓе Јовановиќ , Јована Велинова

Изложба на Гоце Илиевски

Арт Директор на Стрип Трип 2023

Изложба на млади надежи/таленти:

Paragons Comics (Елена Димчевска, Калина Фиона Милошевска, Дамjан Шокев, Лиза Аземи, Сара Божиноска, Илија Вишемирски, Војдан Андонов & Цанко Стефанов)

13:00 – 14:00 – Кино Фросина
Свечено отварање на фестивалот Стрип Трип 2023

Доделување на награда: „Македонско Стрип Наследство”

ПАНЕЛ
„Балканскиот феномен: Вековници”

гостин: Марко Стојановиќ, модератори: Игор Јовчевски и Никола Темков

14:00 – 14:45 – Горно Фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА

10 години Стрип Квадрат

презентери – Игор Јовчевски и Никола Темков

15:00 – 15:45 – Горно фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИJА

Од слабост на масовната култура до платформа за ангажиран уметнички израз”

презентер: Бошко Караџа, модератор Ивица Дукоски

16:00 – 16:45 – Горно Фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИJА

Стрип + Екологија = Тим ЕКО
Тим Еко: Здравко Гиров и Давор Драмиќанин
+ Ана Чоловиќ (Еко-Свест)

17:00 – 18:00 – Кино Фросина
ПАНЕЛ – „Од Зрењанин до Готам и Кимерија”

гостин: Стеван Субиќ,

модератор: Владо Битољану

18:00 – 19:00 – Кино Фросина
ПАНЕЛ

„За стрипот, неформално”

гости: Стеван Субиќ + Михајло „Тхе Мичо” Димитриевски

модератор: Владо Битољану

21:00 – ПЛАТО МКЦ
Музичка програма – КОНЦЕРТ

Нико Николиќ (Србија) и They Drive By Night (Србија)

-влез слободен

*supported by LIVEUROPE*

НЕДЕЛА, 18 јуни

12:00 – Плато МКЦ
Стрип Берза

12:00 – 14:00 – ДКЦ
Стрип работилница за млади стрип таленти:

„Креираме Стрип Херои” со Макстрипови:

Здравко Гиров и Давор Драмиканин

13:00 – 13:30 – Горно Фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА „Жељко Книвалд и македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип”

презентер: Александар Стеванов модератор: Ивица Дукоски

13:45 – 14:15 – Горно Фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА „Aegri Somnia 2″

презентер: Дарко Богданов модератор: Ивица Дукоски

14:30 – 15:00 – Горно Фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИJА „Хибридни приказни: визуелната и вербалната нарација во илустрираните книги (и) за деца”

презентер: Ника Гавровска, модератор: Ивица Дукоски

15:00 – 16:00 Бифе МКЦ
Jam Session

Групно цртање со авторите, дружба и потпишување на изданија со гостите на Стрип Трип 2023

19:00 – Кино Фросина
Проекција на филм

“Dellamorte Dellamore” (1994),

16+ peж. Michele Soavi / 104’

влез слободен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.