Жестокото шесто издание на мулти-медијалниот фестивал „Под Земја Полесно Се Дише“ е во полн ек! На 22 декември (сабота) во 20.00 часот повторно се симнуваме под земја во гаражите кај Плочник за да се заплакнеме од сеопштиот малограѓански, маалски и медиски смог. Како алтернатива ви го нудиме филтерот на гласната музика, мистериозната уметност, перформативниот танц и студеното подземје како трансформација на истиот тој смог во смисла.
-Експлозивно-продирачки перформанс, инсталации скулптури и експерименти од научно-уметнички, а богами и екпедитивно-политички едукативен тип, дебата на тема „Транскрипција на 21 век преку синаптичките јазли на балканскиот ум(етник)“ од професор доктор Никола Буданович и локален артист и несинхронизирано научно караоке читање… се само дел од мноштвото интригантни содржини кои нема да ве остават рамнодушни. Зад нив стојат:
Александра Анагностопулу, Амир Карахасан, Викторија Попова, Владимир Лукаш, Горан Ристовски, Душан Пејчев, Дуарте Соуса, Ева Григориадоу, Ертунч Сали, Ива Станковска, Иван Трајчев, Иван Шапков, Каролина Силвеира, Колин Русто, Марко Јанев, Наташа Неделкова, Петар Џајковски, Петра Жишт, Самир Карахасан,Сандра Јовановска, Софиа Григориадоу, Том Биела, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.