Поради големиот интерес на видео колажот „Тајните архиви на Скопје“ кој беше прикажуван во „Кинотека“ и „Кино Култура“, ќе има уште две проекции кои се закажани на 13 и 16 декември од 20 во „Котур“ .
Носител на проектот „Тајните архиви на Скопје“ е „Вардар филм“, кој има за цел зачувување и афирмација на материјалното и духовното современо културно наследство на градот Скопје.
Покрај зачувување на овие материјали како културно богатство на градот, проектот има за цел да им се претстави и доближи на младите генерации Скопје од пред неколку децении. Едно Скопје полно љубов, едно мирно Скопје кое во исто време во себе го содржи целиот жагор на скопјани. Целта не е само визуелно (преку снимки) да им го претставиме градот на новите генерации, туку и на емотивно ниво да го разберат животот на скопјани, велат од „Вардар филм“.
Проектот е инициран, конципиран и координиран од Катерина Габунија, дигитализацијата и дигиталната обработка се на Александар Трајковски, обработката на тон е на Сашко Потер Мицевски, а гласот на Дарко Ристовски.
За колажот од видеа, селектирани се материјали од десетина семејства. Материјалите се од различен тип: родендени, свадби, прошетки,излети во и околината на Скопје. Во нив се бараше белегот на градот, На-ма, Кермес, Дебар Маало со куќички, плоштадот со калдрма итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.