Со симболична поворка, без концерти и друга организација ќе се одржи годинашниот Вевчански карневал, најави градоначалникот Сашо Јанкоски.

Откажувањето на фестивалскиот дел, според него, е со цел да се спречи масовно собирање на луѓето поради ширење на пандемијата со Ковид 19, нагласувајќи дека Василичарските поворки ги организираат двете друштва, Горно и Долно маало.

Општина Вевчани се откажува од организирање концертите на 12 и 13 јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија. Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право, но и обврска, изјави Јанкоски.

Тој нагласи дека Општината нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на Василичарските друштва, апелирајќи да нема групно собирање и посети на домовите, како и запазување на мерките за заштита од Ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.