Во петок, 21 февруари, со почеток во 20.00 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Магбет“ од Џузепе Верди.
Оваа претстава е работена според истоименото дело на Вилијам Шекспир, во која се говори за немилосрдната борба за власт.
Оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи бројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа, преку главните ликови на Магбет и Леди Магбет.
Во насловната улога ќе настапи нашиот познат баритон, Борис Трајанов, улогата на Леди Магбет, ќе ја толкува првенката: Весна Ѓиновска-Илкова. Во останатите улоги настапуваат: Александар Стефаноски, Никола Стојчески, Катерина Митева, Дејан Стоев, Диме Петров, Борко Биџовски, Марко Гапо, Димитар Кожухаров, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Национална опера и балет.
Диригентската палка е во рацете на маестро Диего Гарсија Родригез од Шпанија, кој не ја крие возбудата за овој негов дебитантски настап пред македонската публика, на сцената на Националната опера и балет.
Режисер: Марко Спада (Италија), Сценограф: Мауро Тинти (Италија), Костимограф: Раде Василев, Кореограф: Олга Панго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.