„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.
За режисерката на филмот, Калтрина Красниќи најголема инспирација бил главниот лик, Вера, која според неа е претставник на една генерација жени кои минуваат низ драматичните социјални и политички промени на 20 век.
Македонскиот актер, Рефет Абази ја толкува улогата на судијата и ги прикажува корумпираноста, двојните аршини и дволичноста.
Главната улога ја толкува актерката Теута Ајдини – Јегени, а во филмот уште играат и: Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др.
Сценариото е на Дорутина Баша, кинематограф е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Дрим Фектори, односно Огнен Антов.
Живеам во една мала чудесна земја, каде невозможното станува возможно. Каде далечината е блиску, каде желбата станува реалност, каде сонот станува јаве. Немојте да престанете да сонувате! Мене ми се оствари желбата да бидам дел од одлично сценарио, а и да стапнам на црвениот тепих, изјави Теута Ајдини-Јегени.
За режисерката на филмот најголема инспирација бил главниот лик, Вера, која според неа е претставник на една генерација жени кои кои минуваат низ драматичните социјални и политички промени на 20 век.
Премиерата на филмот е планирана откако ќе се смири ковид кризата, информира продуцентот Огнен Антов.
„Вера сонува за морето“ во продукција на „Дрим Фектори“ ја имаше својата светска премиера на Интернационалниот фестивал во Венеција. Филмот беше дел од официјалната селекција на 78. издание на Фестивалот во програмата Хоризонти.
Калтринa Красниќи, режисерката на филмот „Вера сонува за морето“, во кој Македонија е копродуцент, ја освои наградата за најдобра режија „Автори под 40“. Красниќи ја освои наградата во рамките на програмата Venezia a Napoli. Il cinema esteso која се организира во соработка со престижниот Филмски фестивал во Венеција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.