Организацијата на Венециското биенале објави дека 17-тата меѓународна изложба на архитектура, со тема „Како ќе живееме заедно?“, се одложува уште еднаш и ќе се одржи од 22 мај до 21 ноември 2021 година.
Поради пандемијата на коронавирус, Биеналето првично беше одложено од 29 август до 29 ноември 2020 година. Сепак, поради сложената здравствена состојба, беше решено изложбата да се пресели во 2021 година и да трае шест месеци како што беше првично планирано.
По консултациите со кураторот Хашим Саркис, претседателот на Биеналето, Роберто Цикуто ја објави веста, во која се вели дека се одложува Меѓународната изложба на архитектура.
Длабоко сум трогнат од упорноста на сите учесници во последните три месеци. Се надевам дека новиот датум на отворање прво ќе им овозможи да направат пауза, а потоа да ја завршат својата работа во мир и со многу енергија. Ние не планиравме вака. Темата ни дава можност да одговориме на пандемијата во нејзината непосредност. Затоа ќе се вратиме во Венеција во наредните месеци заради низа активности посветени на архитектурата, рече кураторот Хашим Саркис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.