Со проекција на српскиот филм „Викенд со тато“ во летното кино Кинотека на Македонија во 20,30 часот почнува „Кафе-кино“ на Скопско лето кое ќе трае во следните шест дена, почнувајќи од вечерва, 9 јули па се до 14 јули (среда).
Сите проекции на филмовите на Кафе Кино ќе се одржуваат во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека, со почеток во 20:30 часот. Влезот ќе биде регулиран со билети што ќе можат да се купат на билетарата на Кинотека по цена од 100 денари. Кафе Киното ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и бидат преземени сите мерки за безбедност.
На програмата на Кафе Кино 2021 се: шпанскиот „Збогум морони“ во сабота (ADIEU LES CONS), чешкиот „Шарлатан“ во недела, рускиот „Супердлабок“ (понеделник), во вторник е „Твист“, а кафе-киното завршува в среда, на 14 јули со проекција на „Сеќавања од Италија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.