„Крај Вардарот џез“ е дводневен фестивал посветен на домашната џез сцена, чие прво издание почнува вечерва и ќе се одржува на отворено, во паркот зад Младински културен центар.
Почнувајќи од 19:45 часот, денеска ќе настапат Филип Букршлиев, „Сетстет“, „Зулу 3.4“ и „Кантон6Квартет“, додека утрешната програма (од 20 часот) ја сочинуваат Јордан Костов, триото „Кобалт код јунит“ и „Светлост: Одрон ритуал оркестар“, во кој членуваат 11 музичари.
Фестивалот е производ на дискографската куќа „ПМГЏЕЗ“, која постои од 2018 и досега има издадено 14 албуми со современ македонски џез, а идејни творци се Владан Дробицки и Мирко Попов. Влезницата чини 100 денари, носењето маска е задолжително, а столчињата ќе бидат поставени на растојание од два метра. Бројот на посетители е ограничен на 300.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.