Вечерва во 20,30 часот во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи дисперзирана драматика со наслов „Сирота мала богата драма во Кратово“. Станува збор за видео театарски проект во 11 кратки епизоди.

Креатор, продуцент и визуелен драматург е Иванка Апостолова-Баскар. Режијата е на Теа Беговска, а играат Емилија Мицевска-Трајковиќ и Томе Станковски. Видео камера/монтажа е на Михаило Апостолов, а фотографиите се на Весна А. Бришкоска.

Настанот е во соработка со Македонски центар „ИТИ/Продукција“. Билетите по цена од 100 денари може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.