Вечерва, 13 јули, (вторник), на „Скопско лето“ со почеток во 20,30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се одигра монодраната „Кармен“ на Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, во продукција на Драмски театар Скопје.
Автор е Мигел Делибес, режија и драматизација е на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф е Раде Василев. Композитор е Горан Трајковски.
Монодрамата е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ на шпанскиот романсиер, еден од најважните автори на 20 век, Делибес.
„Пет часа со Марио“ е ремек-дело на Делибес, објавено во 1966 година, и претставува верен експонент на социјалниот реализам, литературен тренд во Шпанија во средината на минатиот век. „Преку внатрешниот дијалог на жена во криза – Кармен, Делибес, открил најголем дел од постојаните политички и социјални тензии во тоа време во Шпанија.
Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе биде регулиран со влезници по 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот, на влезот на Сули ан.
Вечерва со почеток во 20,30 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека ќе се прикаже филмот „Твист“ (TWIST), 2021, Велика Британија. Влезот ќе биде регулиран со билети по цена од 100 денари коишто ќе може да се купат на билетара на Кинотека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.