На „Академска сцена“ на Факултетот за драмски уметности вечерва (29 декември) со почеток во 20 часот, ќе биде одиграна репризна изведба на претставата „Еден ден на Алјаска“ од Харолд Пинтер.

Режијата е на Шенај Мандак, а истовремено е испитот на Мандак по предметот Театарска режија 6. Актерската екипа на претставата ја сочинуваат Стефанија Начевска, Владимир Петровиќ и Анастасија Величковиќ.

По претставата  во бифето на факултетот, свој диџеј сет ќе има дуото The DD’s.

Согласно протоколите за работа, капацитетот на публиката е ограничен. Сите заинтересирани треба да го најават своето присуство преку формулар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.