На онлајн репертоарот на Кумановскиот театар вечерва е претставата „Вечера за глупаци”. Кумановскиот театар продолжува со онлајн репертоарот и денеска ќе ја прикаже претставата „Вечера за глупаци” , работена по текст на Текст на Френсис Вебер (Le Dîner de Cons), во режија на Горан Илиќ.

Се надеваме дека ќе уживате. Претставата ќе биде на следниов линк: Вечера за глупаци – Театар Куманово, објавија од театарот.

Во претставата која премиерно беше изведена во 2002 година, играат Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Младен Крстевски, Илија Струмениковски, Горан Зарковски, сценографијата е на Гоце Божурски, костимографијата на Кети Дончевска Илиќ, композитор е Зоран Краљевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.