На 20. јубилеен Фестивал на европски филм Синедејс кој е во тек и ќе трае до 21 јули, денеска во рамки на Гала програмата се дела на Кирил Серебреников и Пол Верховен.
Во Градски парк во терминот од 20:30 часот може да се погледне „Грипот на Петров“ во режија на Серебреников. Филмот следи ден од животот на стрип-цртач и неговото семејство во постсоветска Русија. Додека боледува од грип, Петров оди на долга прошетка со својот пријател Игор, при што постојано се движи меѓу фантазијата и реалноста.
Од 23 часот е проекцијата на „Бенедета“ на Верховен. Калуѓерка во Италија во 17 век страда од вознемирувачки религиозни и еротски визии. Таа има своја придружничка и односот помеѓу двете жени се развива во романтична љубовна афера.
Денешната програма ќе започне со проекцијата во Кино Милениум во 18:00 на филмот „Ане ја нема“ во режија на Давид Перез Санудо.
Во Паркот Ибни Пајко во 21 часот ќе се прикажува „Застој“ ( МК / ЕУ) во режија на Винко Модерндорфер..Средба меѓу две брачни двојки од две различни социјални класи, кои навидум немаат ништо заедничко. Но една несреќа и трагичен настап судбински ги спојуваат овие луѓе во една ноќ и најверојатно до крајот на нивните животи.
Во терминот од 23 часот е „Корзиканско лето“ на Паскал Тањати. Лето на Корзика. Во корзиканско планинско селце, секој го искусува летото на свој начин: деца си играат, тинејџери флертуваат, а постарите седат во локалниот паб и си муабетат за поминувањето на времето. Среде августовската горештина, малку треба за да се крене тензија додека едно семејство се труди да го потисне гневот. Понекогаш обична мала искра е доволна да распали сѐ.
Во Кино МКЦ ПАРК од 21:30 ќе може да се погледне „Јаболка“ филм на Христос Нику како дел од Гала програмата за режија. Духовита филмска алегорија за силното влијание на емоциите врв човековата меморија и улогата на современата технологија во ова.
Од 23,30 е филмот „Минари“, нежна и длабока приказна за семејните корени, на Ли Ајсак Чанг, исто така дела од ГАЛА програмата за режија. „Минари“ следи корејско-американско семејство што се сели на мала фарма на Арканзас, во потрага по својот Американски сон.
Во рамки на POPUP кино на Езерце Градски парк во 20:30 следи премиерно прикажување на филмовите продуцирани во рамки на проектот „72 ЧАСА ЕКО ФИЛМ“, во кој учествуваа млади луѓе (на возраст од 16 до 20 години). Секој тим направи филм за 72 часа на дадена еко тема.
Од 22:30 следи проекција на кратки филмови од BAFTA 2020.
Билетите за 20. Cинедејс чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.