На покана на Филозофскиот Филмски Фестивал, на27-ми мај (среда) во 11.30 часот Бистра Георгиева, раководител на МЕДИА Деск МК ќе учествува на вебинар на тема: Ковид-19 и состојбите во македонскиот филмскиот сектор кадешто меѓудругото ќе се разговара за тоа како домашните и европските институции одговорија на ковид кризата, каква е „новата нормала“ и реосмислувањето на филмската индустрија и како сакаме да го замислиме филмскиот сектор во иднина.
На вебинарот ќе учествуваат и: Анита Стојческа (Агенција за филм) · Игор Иванов (режисер, ДФРМ/Манаки) · Владимир Љ. Ангелов (Кинотека) · Саша Станишиќ (Катавеј/ Cinesquare) · Стефан Палитов (режисер) · Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал) · Дарко Набаков (МакеДокс) · Атанас Георгиев (продуцент) и Русе Арсов (МКЦ/Синедејс) . Модератор ќе биде Ана Дишлиеска Митова.
Филозофскиот Филмски фестивал ги поканува претставниците на филмскиот сектор во земјата, како и заинтересираните медиуми да го следат вебинарот преку Zoom link или Webinar ID: 920 7615 1547 и Webinar password: pff2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.