Минатата седмица издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје ја објави збирката колумни и есеи од современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров со наслов „Со зрно сол. И парче локум. Карантински колумни и есеи“.
Топло препорачувајќи ги колумните на Васко Шутаров, рецензентот и промотор на изданието Елка Јачева Улчар, истакнува дека.од денешна временска дистанца, „разбирам дека нивната актуелност не завршила со нивното прво читање, туку дека пораките кои произлегуваат од нив имаат една потрајна димензија. И една нотка која се провлекува од првата до последната колумна. Човечноста, неприкосновеноста на љубовта кон човекот. И кога на човека му е добро и кога му е помалку добро. Читателите на неговите неделни колумни ја препознаа таа димензија, читателите на оваа книга претпоставувам на сличен начин ќе ја препознаат остроумната и далекосежна мисла, кон еден свет низ кој само човечноста би ни била мерна единица и мисла водилка за бескомпромисна акција во практиката. Или, како што вели Шутаров, „време во кое ќе се сподели најмногу човечност и правичност по глава на жител.“
Книгата е спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.