Василичарскиот традиционален концерт овојпат насловен „Disco fever“ понуди 24 композиции во целосно нови аранжмани во изведба на македонски солисти кои со својот двочасовен настап ја кренаа на нозе публиката во Македонската опера и балет. Највпечатливи беа изведбите на Наде Талеска и Маја Саздановска чиј настап беше проследен со стоечки овации од публиката која евидентвно беше дека се забавува како никогаш досега.

фото: инстаграм

Со оркестарот на МОБ диригираше маестра Бисера Чадловска, сценографијата беше во стилот на диско треската, а на одредени песни на сцената излегуваше Кире Ѓоревски, кој со својот танцов перформанс на моменти наликуваше на танцот на Џон Траволта во култниот филм „Треска во саботната вечер“ и со тоа ја збогати и онака прекрасната вечер која не врати во 70-тите години кога овие песни се изведувале по клубовите.

Василичарски концерт фото Вечер.мк

Костимите на изведувачите, но и на маестра Чадловска, која носеше елегантен светликав костим исто така беа во стилот на 70-тите години.

Диско треската во салата на МОБ ја започна пејачот Ѓоко Таневски кој  ја изведе познатата нумера “Grease”, по што на сцената во наредните два часа се менуваа хитовите “Why did you do it”, “Sunny”, “Upside down”, “We are Family” “It’s Raining men”, Ain’t nobody”, Dancing queen”, “That’s the way like it”, “Don’t stop till you get enough” “Night fever”, “Hot stuff”, “Staying alive”, и многу други популарни хитови на Глорија Гејнор, Дона Самер, АББА, Би Џиз, Мајкл Џексон, Бони Ем, кои ги изведоа Горан Наумовски, Наде Талевска, Маја Саздановска, Александра Јанева, Елена Петреска, Дани Димитровска, како и Лина Пејовска, Ана Мицковска, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар и Александар Тарабунов кој присутните ги потсети на хитот “Celebration”.

фото:Инстаграм



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.