Познатиот музичар Васил Хаџиманов во рамки на одбележувањето 12 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип доби признание почесен доктор на науки на оваа високообразовна установа каде што долго време е визитинг професор.
Тој се заблагодари за признанието, кое му го врачи ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев.
Ова е голема чест и одговорност за мене. Му благодарам на Универзитетот, а особено на деканот на Музичката акдемија Тони Китановски, без кого ова не би било. Доста долго сум визитинг професор на Академијата и немам намера да престанам со своето делување, рече Хаџиманов.
Тој е познат композитор, пијанист, џез и етно музичар и е основач на „Васил Хаџиманов бенд“. На Штипскиот универзитет е ангажиран како предавач на одделот за џез-музика.
Хаџиманов има богата музичка кариера. Настапувал со познати светски музички имиња и соработувал со музичари, како Дејвид Гилмор и Крис Чик. Создавал и музика за познати филмови и ТВ-серии. Хаџиманов е син на познатиот уметник Зафир Хаџиманов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.