Музичарот Васил Хаџиманов, син на Зафир Хаџиманов, ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електрично пијано, која му беше доделена на 41. издание на Годишните награди на џез-радиостаници *41. Annual Jazz Station Awards).

Исто така, во категоријата „Најдобра џез-група“, „Васил Хаџиманов бенд“ го освои второто место, пишува порталот „Балканрок“.

Меѓу другите победници се наоѓаат врвни џез-музичари како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Кореја, Ренди Брејкер, Дејв Либман и многу други.

Зад оваа награда стои Арналдо Десутеиро, кој е џез-новинар, продуцент, историчар, предавач и продуцент на повеќе од 830 џез-композиции, наведува „Балканрок“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.