В среда, во 19 часот во Драмски театар ќе се одигра премиерно претставата „Плоштад на хероите“, според мотиви на Томас Бернхард. Автори на текстот се учесниците во претставата, а режисерка е Мирјана Медојевиќ од Црна Гора, која живее и работи во Словенија.
Во претставата играат Наталија Теодосиева, Ина Пунтар, Гордана Ендровска, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Симона Димковска.
Да се избере последниот текст на големиот модерен писател кој својот живот го посветил на уште поголеми теми – самоубиството и присуството на фашистички обрасци кај секој човек во неговата родна Австрија, со себе го носи бремето на историјата и очекувањата. Текстот е како кромид кој треба внимателно да се излупи за од него да настане претстава во Македонија, на католички Божиќ во 2019 година, во Драмски театар, на улицата Шекспир 15 во Скопје, далеку од Бургетер, каде што таа предизвикала скандал уште пред да се случи и кулминирала со 45-минутно свиркање и ракоплескање“, вели драматургот Зупанчич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.