В петок, 21 декември, во Музејот на град Скопје во 20 часот ќе се отвори второто Интернационално графичко биенале во оганизација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура на Р. Македонија.
На овогодинешната меѓународна изложба покрај домашните ликовни учесници учество ќе земат и еминентни светски имиња од пет земји: Холандија, Португалија, Мексико, Турција и Србија. Од стана на Друштвото на ликовни уметници и оваа година ќе бидат доделени три парични награди.
Препознавајќи ја графиката како еден од најстарите ликовни медиуми, Друштвото на ликовни уметници на Македонија низ графичките изложби и дава посебно значење. Досегашната изложба под наслов “ДЛУМ Графика” која друштвото успешно ја организира последователно 32 години, е доволен показател за големината и значењето на овој медиум на ликовната сцена во Македонија.
Живееме во време во кое сме сведоци за експанзијата на дигиталните медиуми. Современата технологија која се повеќе се употребува како изразно средство во ликовната уметност, несомнено влијaат за постепеното исчезнување на овој ликовен жанр. Иако голем број манифестации посветени на графиката полека згаснуваат, ова Интернационално графичко биенале полека но сигурно прераснува во традиционална изложба со висок ликовен квалитет.”
Иако тенденцијата на овој ДЛУМ-ов проект е да ги собере светски имиња од графичката ликовната сцена на едно место, веруваме дека ќе биде и доволен поттик кај новите генерации да продолжат да го негуваат овој медиум, развивајќи го во еден нов современ правец, вели претседателот на ДЛУМ, м-р Христијан Санев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.