Монодрамата „Кармен“ по мотив од романот „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес во режија на Дејан Пројковски и во изведба на актерката Биљана Драгиќевиќ –Пројковска, публиката ќе има можност премиерно да ја види на 21 мај (20 часот) во Драмскиот театар.

Изминатата година светот во еден период остана без претстави, изложби, проекции, концерти. Тогаш се запрашавме за смислата на постоењето на нашата цивилизација. Основниот порив на задоволување на животинските нагони сигурно не е она што човекот го прави поразличен од животните. Кога би дошол крајот на оваа наша цивилизација се прашувам што е она што треба да остане како доказ за смислата и вредноста на нашето постоење. Сигурно тоа ќе бидат делата на Шекспир, Достоевски , музиката на Бах, иконите на Дичо Зограф, приказните на Цепенков, зборникот на Миладиновци. Сигурно нема како податок за нашето постоње да оставиме колку пластични шишиња сме произвеле, колку делфини сме отруле со нафта во океаните, колку војни сме воделе или колку конзерви успешно сме отвориле. Уметноста е духовната смисла на постоењето на секоја цивилизација, вели режисерот Пројковски.

Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф – Раде Василев, композитор – Горан Трајкоски, а за сценските движења беше задолжена Олга Панго.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.