Филип Фидановски, в.д. директорот на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје поднесе неотповиклива оставка.

Повеќе од една година траеја протестите на дел од вработените кои обвинуваа дека тој е незаконски поставен за в.д. директор и оти не ги исполнува условите.

Давам оставка, пред сè, поради големиот притисок на дел од вработените на кои воопшто не им е гајле ниту за ученциите, ниту за образовниот процес во нашето училиште, пишува Фидановски во неотповикливата оставка упатена до министерката за образование и наука, Мила Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.