Русе Арсов, вршител на должноста директор на Младински културен центар (МКЦ) соопшти дека се повлекува од функцијата.

Медиумите претходно објавија дека актерката Јелена Жугиќ, поранешна директорка на Театар Комедија се предлага за член на УО на МКЦ.

Во писмото испратено до медиумите Арсов вели дека денеска се повлекува само од функцијата в.д. директор, но останува во МКЦ, да помогне за одбележување на јубилејот 50 години МКЦ. На следниот директор му порачува дека институцијата не е загубар.

По три ипол години, премногу љубов, страст и жар, не издржа срце јуначко, па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција. Вчера беше претежок ден за сите нас. Најпрво од медиуми дознавме дека сме криминалци и дека има предлог за тоа да бидеме гонети. А потоа и дека наградата за успешното работење изминатиот период е претставена преку намалување на буџетот за програма за 50 отсто, пишува Арсов во оставката.

Во оставката испратена до медиумите, Арсов објаснува што се работело во МКЦ во неговиот мандат.

Последните три и пол години МКЦ ги реализираше најубавите кинопроекции на кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце, а го направивме и најголемото кино на отворено со проекцијата на „Исцелител“ во Градски парк. Отворивме нова градска летна сцена во Паркот МКЦ, отворивме три графити и стрит арт галерии, а цртавме мурали и во „Ибни Пајко“. Ја поведовме иницијативата „Култура во време на корона“,која беше пример и поттик и за другите регионални метрополи, МКЦ стана членка на ФИАФ, стана членка на Лајвјуроп. Беше дел од уште неколку европски проекти и програмски соработки, а беше домаќин и на Урсула фон дер Лајен. Секако ги реализравме фестивалите, МОТ, „Синедејс“, „Здраво Млади“… Ги реновиравме и тоалетите во МКЦ. Само во 2021 и покрај пандемијата преку 650 реализирани настани. Пополека стануваме препознатливи и по поддршката на независната театарска сцена… Ги донесовме Лиза Жерар во Филхармонија, Љубомир Мелник во Пошта…

И да, паднавме на Дино Мерлин. Ох судбо клета! , пишува Арсов во оставката.

Арсов вели дека четри години во МКЦ имало континуирано финансика полиција.

Се дружевме и со јавно обвинителство, и со разни ревизии. Се вадеа документи, се уништуваа животи, а на крај едно по едно обвинувања завршуваа како неосновани. Затоа да, ве молам слободно затворете го веќе и овој предмет Дино Мерлин. Уверен сум дека нема никаков криминал ни таму, а од последниве години го научивме и гадното чувство на обвинување, вели Арсов.

Според Арсов, МКЦ и покрај пандемијата, кога сериозно беа намалени приходите од влезници и производи, дотациите за режиските трошоци, успеа со максимум од своите можности да ја даде својата поддршка на целата независна сцена – и на крај повторно да ги плати сите свои сметки и да забележи позитивно финансико работење.

Па така, во следната јубилејна година да пренесе сопствени средства во висина од 4.000.000 денари, и уште толку се’ уште ненаплатени побарувања. За оние кои раководат културни институции јасно им е дека ова е сума за почит, на што сме посебно горди. Ја користам оваа прилика, да им се заблагодарам на сите мои колеги кои и после сите притисоци успеаја да останат најголеми професионалци. Другари фала ви на доверба и поддршка!, вели Арсов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.