Владата денеска на седница го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата. Со него се предлагаат измени на досегашниот начин на објавување на годишните конкурси за финансирање на јавниот интерес во културата, на постапката и на критериумите за одлучување по конкурсите, како и воведување други форми за поддршка на културните активности на единиците на локалната самоуправа и на невладините организации.

Откако ќе биде усвоен во Собранието, Предлог-законот за јавниот интерес во културата ќе овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на програмите на националните установи во културата и на проектите на другите субјекти во културата. Со него се најавува решавање на прашањата за статусот на вработените во културата да бидат усогласени со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како една од главните заложби утврдени во Националната стратегија за развој на културата, наведува владината прес-служба



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.