Здружението „Совест“ утрово повторно реагира за минарето кое се гради без потребна документација и е предмет на спорење во јавноста, а кое според фотографиите кои тие ги објавија, утрово продолжи да се гради и покрај најавите на премиерот Зоран Заев дека законите во Македонија важат за сите, па и за минарето.

Утрово здружението „Совест“ објави фотографија од минарето на кое име работници кои поставуваат конструкција за негово градење во височина.

Од „Совест“ порачаа дека казната за хаосот и беззаконието ќе ја стигне власта на наредните избори.

Но ваквите изјави на премиерот Зоран Заев очигледно немаат никаква врска со реалноста, бидјеќи преку ноќ минарето постојано добива плус по некој метар во височина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.