Штипјани ќе имаат ретка можност да бидат домаќини на премиера на македонски игран филм. „Кино Љубов“, во режија на Јани Бојаџи, првпат ќе се прикаже во Македонија, утре на 13 октомври во Киноверзум во Штип, со почеток во 21 часот. „Кино Љубов“ претходно беше прикажан на Фестивали и имаа проекции во повеќе држави.
Бојаџи е режисер, сценарист и копродуцент на филмот, во кој во главните улоги се Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски. Музиката ја напиша Горан Трајковски, дизајнер на звук е Игор Василев, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, а директор на фотографијата е Иван Зороски.
Првпат се случува македонска премиера на игран филм да се одржи надвор од Скопје. Продукцијата се одлучи за Штип како културен и универзитетски центар во Македонија и град со богата кинотрадиција“, велат од „Синемон медија фектори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.