Утре во Белград, во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ свечено ќе му биде врачена наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.
Оваа престижна награда ја доделува ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематографери на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди.
Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благој Куновски – Доре ќе присуствуваат на овој извонредно значаен настан за фестивалот и за македонската култура, бидејќи нашиот фестивал е единствената институција на која и’ е доделено ова високо признание од ИМАГО.
На истата свеченост ќе им бидат доделни награди на познатиот американски кинематографер Едвард Лакман (Edward Lachman) за животно дело, на Рејчел Морисон (Rachel Morrison), кинематограферка од САД и на оскаровецот Дејвид Стамп (David Stump)за извонредни технички достигнувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.