Две композиции од Дарија Андовска базирани на македонските народни песни „Со маки сум се родил јас“ и „Си заљубив едно моме“ утре ќе имаат премиера во рамки на серијата концерти #BSOmondayConcerts, кои ги организира Bayerische Staatsoper, државната опера во Минхен.

Во првичниот концепт се три композиции, вклучувајќи ја и „Сношти минав покрај вази“, но поради временското ограничување, премиерата на оваа композиција ќе се одложи за друг концерт. Трите композиции се напишани по нарачка на минхенската опера и бас-баритонот Милан Силјанов, кому и композиторката Андовска ги посветила.

Десеттиот од серијата понеделнички концерти на Bayerische Staatsoper, кои се емитуваат со онлајн пренос во живо, е со наслов „Звуци од татковината“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.