Утре, на 13 февруари, со почеток во 12 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи свеченост на која ќе бидат врачени традиционалните книжевни награди на писателската асоцијација за 2019 година.

Како што веќе беше соопштено, добитници на наградите се: Јован Стрезовски за книгата „Чувар на тајни“ (награда „Стале Попов“ за проза); Панде Манојлов за книгата „Јужни реки“ (награда „Ацо Шопов“ за поезија); Катица Ќулавкова за книгата „Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам“ (награда „Димитар Митрев“ за критика и есеј) и Зоран Пејковски за книгата „Мали детски разговори“ (награда „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади).
На свеченоста жири-комисиите ќе ги изложат образложенијата за своите одлуки и ќе бидат претставени книгите, односно авторите, кои оваа година се здобија со високо признание од страна на колегите-писатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.