Колумнистот Латиф Мустафа на социјалните мрежи реагира за очајната состојба во која се наоѓа Националната универзитетска библиотека, чиј објект е оставен сосема сам на забот на времето.

Објавувајќи фотографии кои сведочат за уништувачките последици што негрижата ги предизвикува на НУБ, Мустафа искажува револт и апел до надлежните да преземет чекори и мерки за барем основна заштита на институциите како НУБ, каде што се насетуваат последните интелектуални извици на нашето граѓанско и национално достоинство.

Овие фотографии се фотнати во НУБ, Скопје. Глетките подолу се вистинскиот лик на едно општество кое пресудило за својата евтаназија на демократски начин. Се е штавено, и тоа до смрт, место каде што не живее минатото, а иднината е сосема фиктивна и невозможна. Не можам да верувам дека покрај овие глетки, високите владини претставници зборуваат за „европска иднина“. Ја имате ли видено Европа? Дали изгледа вака? Зборувам за еден објект кој би требало да биде највисока симболична стратификација на знаењето и претставувањето, а сведено е во ужасна состојба, руина.

 

Нашата иднина е руина. Се чудам од медиумите кои се потонати во нивните удобни зони и апатии, а ни малку не допира суровата реалност надвор од камерите и студиите.

Зачуден од молкот на цивилните друштва кои се колонизирани од „платениот волонтеризам“ а продорноста е единствената реалност на неколкуте илјадници евра кои ги заработуваат на мистичен начин.

Изиритиран сум од студентските организации, кои не беа достоинствени да организираат макар на симболичен начин еден протест во врска со уништувачкиот нарав на ова општество и повикот да се разбудат овие заспани души.

 

Сакани министри и пратеници, ве молам, дали вашите деца учат во овие услови во вашите домови? Дали ви е недоволна злоупотребата на јавното во корист на личното? Доста веќе!

 

Што е многу, многу е! Сите институции кои еманципираат; музеите, библиотеките, училиштата, галериите и киносалите, еманираат смрт.
Ве молам, за каква дигитализација на книги зборувате, за какви европски вредности станува збор?

 

Убиваме еден целосен дух со демократска евтаназија. Се срамам од вашата бесрамност. Ако ви останало малку достоинство, а се уште негувате дел од сонот за оваа земја и идните генерации, итно да преземете мерки во овие институции каде се насетуваат последните интелектуални извици на нашето граѓанско и национално достоинство. Доста беше! – пишува Мустафа.

Реакцијата на Мустафа ја споделува и професорката Билјана Ванковска, која реагира дека е крајно бесмислено да се зборува за некаква дигитализација и одење напред, кога еден објект што треба да биде светилиште на знаењето, книгите и убоста на зборот и мислата е претворен во пустош.

Занемуваш пред овој пустош! А треба да биде светилиште на знаењето, книгите и убоста на зборот и мислата. Неодамна некој пишуваше за околината на НУБ престорена во јавен нужник. Ова внатре е многу поболно и потраорно.

 

Тука некаде сум доаѓала кога студирав, а и уште повеќе кога магистрирав и докторирав (значи до почетокот на 90-тите). Сега не го препознавам. Исто како и се’ друго.

 

Дигитализацијата му доаѓа како „зелена шминка“, која треба да ни ја смири нечистата совест. Сето ова нека пропадне – ќе живееме во виртуелен свет, со виртуелни книги и библиотеки – реагира Ванковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.