Од 8 до 14 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 31.  издание на Саемот на книгата, кој втора година по ред се одржува на оваа локација. На Саемот на книгата освен македонски издавачки куќи ќе учестуваат и оние од регионот, Унгарија, Србија, Косово и Албанија.

Планирани се голем број на промоции, средби со автори, а љубителите на книгата можат да очекуваат големи саемски попусти.

Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија организира национално претставување на унгарската литература, при што Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот на овогодинешниот Саем на книгата 2019.

Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Саемската манифестација која пред сè го слави читањето, ќе се одржува во периодот од 8. до 14. мај. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура, истакна проект менаџерот на Саемот на Книгата, Сања Кондарко.

Очекувањата се дека овогодинешниот Саем на книгата со својата богата изложбена програма ќе ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.